Утрински Весник
Свет

Во Сочи е прогласена вонредна состојба поради обилните дождови

Вонредна состојба е прогласена во рускиот град Сочи на Црното Море по обилните дождови во неделата навечер, напиша градоначалникот на Сочи Алексеј Копаигородски на својот канал Телеграм.

dobivaj vesti na viber

„Во градот е прогласена вонредна состојба. Природна катастрофа предизвика штети во сите делови на градот во изминатите три дена“, напиша тој, пренесе ТАСС.

„Најпогоден беше централниот кварт. Вакво нешто не се случило во овој дел од градот во модерната историја“, рече Копајгородски,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика разузнавачките служби да се пресметаат со непријателите дома и во странство

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата

Фрчкоски: АКТ на СДСМ го потсетува новиот јавен обвинител за бизнис мрежата на Мицкоски