Утрински Весник
Македонија

Во сообраќајка тешко повреден 60-годишен кумановец

Тешко повреден 60-годишен маж од Куманово во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово.

Несреќата се случила помеѓу „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(60) од с. Опае, липковско и мопед „јамаха џог“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од З.Г.(60) од Куманово.

Во несреќата З.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси

СОС Детско село: 25 години менуваме животи

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти