Утрински Весник
Македонија

Во сообраќајка тешко повреден 26 годишник од Росоман

Во сообраќајка тешко повреден 26 годишник од Росоман

Росоман, 18 април 2020 (МИА) – Росоманец на возраст од 26 години бил тешко повреден во сообраќајна незгода која синоќа петнаесет минути пред полноќ се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај бензинската пумпа во Росоман, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Управувајќи возило со кавадаречки регистарски ознаки, тој изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Кавадарци. свд/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЕЛИКИ ПЕТОК 2026: Наутро ладно и слаб мраз, преку ден сончево

ВМРО-ДПМНЕ: Тишина од СДС, Заев и Филипче за тоа каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово

Муцунски учествуваше на настан на Атлантскиот совет во Вашингтон