Утрински Весник
Македонија

Во случајот со пациентката од Струга утврдено прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Се уште трае инспекцискиот надзор во Охридската општа болница каде не беше примена 66-годишната пациентка од Струга која потоа почина од коронавирус. Во текот на денешниот ден треба да биде готов целиот извештај, но она што досега го потврдиле инспекторите е дека има прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова денеска информира дека се уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој ден или следниот ден на Инфективната клиника во Охрид.

–  Инспекцискиот надзор се уште трае, но од досега добиените информации утврдено е прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точно е дека матичниот доктор има издадено упат. За сите други прашања ќе одговорам и ќе го информирам министерот во извештајот што ќе биде подготвен денеска затоа што се уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој или следниот ден на Инфективната болница во Охрид, рече Сотирова на прес-конференцијата во Владата.

Посочи дека на Инфективното одделение во Охрид работат двајца специјалисти и двајца специјализанти и медицински персонал и оти одговорноста ќе се утврдува од страна на Дражвниот санитарен и здравствен инспекторат. Инфективното одделение, како што рече Сотирова, во овој момент функционира.

Инфективното одделение, како што посочи, во овој момент работи.

По обелденувањето на овој случај, министерот за здравство Венко Филипче викендов на прес-конференција најави разрешување на директорката на Охридската болница. Предмет отвори и Јавното обвинителство. бак/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски очекува инцидентот со Вјоса Османи мирно да се реши

Приведен крадец во Куманово – 24info.mk

Трипуновски: Министерството ќе ја соопшти официјалната производна цена на двете најзастапени вински сорти, ниту една винарска визба не може да го направи тоа