Утрински Весник
Свет

Во Словенија 29 новозаразени, од кои 22 се помлади од 34 години

Во Словенија 29 новозаразени, од кои 22 се помлади од 34 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа во Словенија се направени 856 тестирања при што се потврдени 29 новозаразени од коронавирус, двајца помалку од претходниот ден, објави словенечката влада.

Состојбата во болниците е подобра отколку претходниот ден, така што во моментот се хоспитализирани 19 пациенти со Ковид-19, што е за четири помалку од претходниот ден, а само двајца пациенти се на интензивно одделение.

Пет пациенти се отпуштени од болничко лекување на домашна нега во последните 24 часа, а не се пријавени нови смртни случаи во тој период, соопшти Министерството за здравство.

Според добиените податоци, во Словенија моментно има 193 активни заразени лица, а инфекции се регистрирани во последните 24 часа во 21 општина, претежно во самата Љубљана, каде имало пет.

Меѓу новозаразените, 22 од нив се помлади од 34 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони