Утрински Весник
Свет

Во Словенија 24 лица затруени со јаглен моноксид

Во Словенија 24 лица затруени со јаглен моноксид

Поради труење со јаглерод моноксид, 12 лица се пренесени во болницата, пишува 24ur.com. Никој од нив не е во животна опасност.

Труењето се случило во една зграда во Добрна во неделата околу 18 часот, а во нивната крв била пронајдена поголема количина јаглен моноксид.

Пожарникарите брзо пристигнале на самото место и евакуирале 24 лица, од кои 12 имале јасни симптоми на труење и сите биле пренесени во болница во Целје.

Портпаролката на полицијата во Целје, Милена Трбулин изјави дека жителите поминале цел ден во мала просторија без вентилација, каде што готвеле и пушеле.

Се верува дека системот за греење не е причина за труењето, а полицијата сè уште го истражува целиот случај.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Песков: Русија продолжува да ја шири безбедносната зона, Киев ја продолжува ескалацијата

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините