Утрински Весник
Свет

Во Словенија регистрирана најголемата дневна бројка на новозаразени за овој месец

Во Словенија 24 нови случаи на коронавирус, двајца починати

Во Словенија расте бројот на новозаразени од Ковид-19, со 31 нов случај на 1.111 тестирани во последните 24 часа, но нема нови смртни случаи.

Досега, дневното зголемување на бројот на заразени во Словенија ретко надминуваше 20, па се проценува дека најновото зголемување е резултат на враќањето на младите од летните одмори, каде би можеле да се заразат.

Во Словенија досега се инфицирале 2.303 лица, 129 починале, а во моментов има 188 активни случаи, од кои 23 се хоспитализирани, со само двајца на интензивна нега.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ова е најдобрата новинска фотографија за оваа година. „Не сакаше да го пушти телото на малото девојче“

Иран го информираше САД дека не бара „ескалација на тензиите“

Што е сеење облаци и дали тоа ја предизвика поплавата во Дубаи