Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Словенија потврден новиот вид на коронавирус

Во Словенија 1.564 нови случаи на коронавирус, 26 лица починале
Dik 300x250 mk

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, на вонредна прес-конференција, објави дека во земјата е потврден првиот случај на инфекција со англискиот вид на коронавирус. Станува збор за косовски државјанин кој престојува во Словенија, а кој се вратил од Белгија.

Јанша рече дека поради можноста во Словенија да има поголем број на случаи на т.н. англиски вид коронавирус, словенечката влада ќе ги преиспита одлуките за олеснување на мерките следната недела.

Словенечкиот премиер кажа дека веќе започнало преиспитување на стотици луѓе со позитивен тест за коронавирус во сите словенечки региони, со цел да се утврди дали станува збор за англискиот вид.

„Некои наоди беа позитивни“, рече Јанша, но ги негираше извештаите во некои медиуми дека веќе биле потврдени десетина вакви случаи.

„Податоците за состојбата со епидемијата од последните три дена не влеваат оптимизам“, рече Јанша, додавајќи дека состојбата со бројот на новоинфицирани во неколку региони е влошена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија