Утрински Весник
Свет

Во Словачка, Чешка и Унгарија регистрирани рекордни дневни бројки на новозарезени

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Словачка денеска забележа 226 случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на заразени лица во таа земја од почетокот на пандемијата, а рекордот забележаа и соседните, Чешка и Унгарија.

Скокот во Словачка уследи по рекордно зголемување на инфекциите и во земјите од регионот по летните одмори и враќањето на учениците во училиштата. Властите се обидуваат да избегнат големо затворање на земјата како она на почетокот на пандемијата што им наштети на економските активности.

Чешка денеска пријави 798 случаи, што е најголем дневен пораст досега. Унгарија исто така бележи рекорд со 510 нови инфекции.

Стапката на смртност од коронавирус во Словачка останува меѓу најниските во Европа. Регистрирани се вкупно 37 смртни случаи. Досега 4.526 лица се заразиле во таа земја.

Словачка успеа да го спречи ширењето на коронавирусот во мај и јуни кога главно се бележеа едноцифрен број на инфекции во текот на 24 часа.

Но, неколку пати од август, се забележани и над 100 инфекции на ден. Претходниот рекорд од 137 заразени беше регистриран на 3 септември.

Како одговор на здравствената криза, земјата ги заостри мерките поврзани со носење маски и собирање на луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата