Утрински Весник
Македонија

Во следните денови ќе се задржи топло и сончево време

Во следните денови ќе се задржи топло и сончево време

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во среда ќе се задржи сончево и топло време. Од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за неколку степени. Главно во планинските региони ќе има услови за локaлeн дожд.

Можете да прочитате

Забрана за камиони на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки, магла на Плетвар

СДСМ: Нема одговор за дрогата од 5 тона, повторно само дефокус

Денес со 2,32 промили алкохол предизвика сообраќајка во Скопје – две лица повредени