Утрински Весник
Македонија

Во Скопје 1507 активни случаи, најмногу во Чаир 336

Еден починат и 66 новозаболени од Ковид-19

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Од регистрираните нови 182 случаи со Ковид-19 во државава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 107 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.243, а активни се 1.507 случаи.

Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 336 што е за 30 повеќе од вчера, потоа следат Гази Баба – 128 (+14), Аеродром – 125 (+6), Центар – 121 (+7), Бутел – 118 (+12), Сарај – 105 (+10), Карпош – 103 (+3)…

Активни случаи има и во Кисела Вода – 80 (+9), Ѓорче Петров – 62 (+5), Студеничани – 71 (+9), Шуто Оризари – 51 (+5),   Арачиново – 38 (+5), Илинден – 24 (+4), Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 (+1), Сопиште – 12 (+1), Зелениково – 1, тројца се странци, а четворица се нераспределени.рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите