Утрински Весник
Македонија

Во Скопје санкционирани 509 возачи: 75 за пребрзо возење, 66 технички неисправни возила

Во Скопје санкционирани 509 возачи: 75 за пребрзо возење, 66 технички неисправни возила
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци, 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд