Утрински Весник
Македонија

Во Скопје казнети 132 возачи, 36 од нив за брзо возење

59 санкционирани возачи на автопатот Гевгелија – Куманово

Вкупно 132 возачи биле казнети за непочитување на сообраќајните правила само на територијата на град Скопје, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од нив 36 казни биле изречени за брзо возење, шест за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

„Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, три за минување на црвено светло, 33 за непрописно паркирани возила“, известуваат од МВР.

Според ресорното министерство, засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила .

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила

Двајца тетовци измамени за сума од 15.000 евра

Се намалуваат водостоите на реките