Утрински Весник
Македонија

Во Скопје вчера од сообраќај исклучени пијан возач, двајца без дозвола и едно нерегистрирано возило

Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на преземени мерки и активности од сообраќај се исклучени еден пијан возач, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано.

Санкциониран е и еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, соопшти денеска МВР.

Во однос на пешаците санкционирани се 23 пешаци.

Во текот на изминатиот ден 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата

Да го вратиме Томба дома – Апел за помош за македонски граѓанин во Малта

Пендаровски со школа за млади професионалци од регионот