Утрински Весник
Свет

Во светот нови 203.000 случаи на коронавирус

Охридската полиција на средба со угостителите: Мерките за заштита од коронавирус мора да се почитуваат
Dik 300x250 mk

Во текот на изминатиот ден во светот се регистрирани скоро 203.000 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени изнесува 14,76 милиони, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Повеќе од четири илјади лица починале, со што бројот на смртни случаи надмина 612 илјади.

СЗО прецизира дека се пријавени 202.726 нови случаи, што е помалку од претходниот ден, кога имало повеќе од 213.600.

Бројот на починати исто така се намалил, со оглед дека претходниот ден имало 5.111.

Најголем број новозаразени се пријавени во Северна и Јужна Америка, 109.052, со што вкупниот број заразени во овие делови од светот е 7.811.175.

САД сè уште имаат најголем број пријавени случаи, по што следат Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка и Перу.

СЗО објавува официјални податоци добиени од земјите-членки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп