Утрински Весник
Македонија

Во Свети Николе откажан меѓународниот фестивал „Тодорица“

Во Свети Николе откажан меѓународниот фестивал „Тодорица“

Штип, 5 март 2020 (МИА) – Големиот Меѓународен фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ во Свети Николе кој требаше да се одржи во текот на овој викенд, е откажан, поради препораките на Министерството за здравство за превенција од корона вирусот, соопшти денеска за МИА, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

На фестивалот требаше да присуствуваат 16 фолклорни ансамбли од земјава, од Србија, Црна Гора и од Бугарија.

– На 7 март беше планиран традиционалниот фестивал „Тодорица“, а воедно и панаѓурот. Овие манифестации се откажуваат согласно препораките на Министерството за здравство поради превенција од корона вирусот, вели Велковски.

На манифестацијата беше планирано да присуствуваат околу 400 учесници, кои се членови на фолклорните ансамбли. Инаку, овој фестивал е традиционален во Свети Николе и се одржува веќе над 20 години. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Дури и на анкетите на Мицкоски, Левица расте со пратеници

МВР учествуваше во меѓународна операција за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол

Андоновски и Проданоски го посетија Центарот за услуги во Прилеп: Реализирано уште едно ветување за граѓаните