Утрински Весник
Македонија

Во сандак со алат во камион пронајдени четворица мигранти

Во сандак со алат во камион пронајдени четворица мигранти

Вработен во АРСМ-Касарна „Страшо Пинџур“-Петровец, вчера пријавил во полиција дека околу 12.00 часот во товарно возило „даф“, кое влегло во државата и касарната од Република Грција, во сандак со алат биле пронајдени 4 лица мигранти од Гана.

Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка. Увид извршиле екипи на Полициското одделение Петровец и Регионалниот центар за гранични работи Север и се преземаат мерки за расчистување на счлучајот.

Можете да прочитате

Тепачка меѓу болничари во Ургентниот центар на Клинички

Мицкоски: „Го знам премиерот” не поминува веќе, функционерите кои се повикуваат во мое име, ги знаеме-следува реакција

Полицаец од Кичево пријавен за малтретирање, употребил сила иако немало отпор