Утрински Весник
Спорт

Во Сакраменто загубија нерви – Лук Волтон веќе е „бивши“

Во Сакраменто загубија нерви – Лук Волтон веќе е „бивши“
Dik 300x250 mk

Сакраменто кингс, конечно, се одлучија да му дадат отказ на тренерот Лук Волтон, откако под негово водство тимот имаше седум порази во последните осум натпревари, со што клубот е на 12. место на Западот со 6-11 скор, тврдат „ЕСПН“.

41-годишниот Волтон помина две сезони на клупата на Кингси, со кои имаше 68 победи и дури 93 порази, а тој исто така имаше негативни три сезони со Лос Анџелес лејкерс – 98 победи и 148 порази.

Сакраменто 15 години нема влезено во НБА плејофот, со што се рекордери заедно со Лос Анџелес клиперс, кои во својата претходна „инкарнација“ како Бафало брејвс од 1977 до 1992 година не влегоа во плејофот.

За привремена замена ќе биде поставен неговиот помошник, 67-годишниот Алвин Џентри.

> Во Сакраменто загубија нерви – Лук Волтон веќе е „бивши“ <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето