Утрински Весник
Свет

Во САД дадени повеќе од 300 милиони дози вакцина

Кинеските вакцини до одреден степен штитат од индискиот вид

Повеќе од 300 милиони дози вакцина против коронавирус се искористени досега во САД, објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Околу 63,5 проценти од сите возрасни лица во САД примиле барем прва доза на вакцина, додека над 52 проценти од оние над 18 години се целосно вакцинирани, според ЦДЦ.

Американскиот претседател, Џо Бајден, во мај изјави дека неговата администрација планира да вакцинира 70 проценти од возрасните со најмалку една доза до 4 јули, кога се слави Денот на независноста.

Во групата со повисок ризик на луѓе на возраст од 65 години и постари, 86,3 проценти ја примиле првата доза, а 75,5 проценти се целосно вакцинирани.

Од почетокот на вакцинацијата во средината на декември лани, повеќе од 301 милиони дози се дистрибуирани во САД, каде што живеат 330 милиони жители. Од почетокот на пандемијата, земјата бележи најголем број на заразени луѓе во светот.

Можете да прочитате

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

НАТО: Поддршката за Украина продолжува