Утрински Весник
Македонија

Во сабота со протоколи за заштита од Ковид-19 ќе работи зелениот пазар во Крива Паланка

Градскиот пазар во Делчево останува затворен и оваа сабота
Img 5587

Крива Паланка, 4 јуни 2020 (МИА) – Зелениот пазар во Крива Паланка ќе работи во сабота (6 јуни), но надлежните информираат дека функционира согласно мерките и препораките на Владата, Министерството за здравство и општинскиот кризен штаб  за превенција од Ковид-19.

Со градскиот пазар стопанисува  Јавното претпријатие „Комуналец“.

Img 5587

-На пазарот ќе биде дозволено да се продаваат само земјоделски производи од регионот на општините Крива Паланка и Ранковце, продажбата на производи ќе се врши исклучиво во затворениот дел на градскиот пазар, а сите продавачи на артикли мора да се придржуваат до упатството за минимална оддалеченост на тезгите од два метри и да опслужуваат по еден купувач на тезга. Забраната за присуство на продавачи кои доаѓаат од други градови и за друг тип на артикли останува на сила додека трае вонредната состојба. ЈП „Комуналец“ ќе превземе мерки за заштита со поставување на дезинфекциони средства на самите влезови на пазарот, информира директорот на ЈП „Комуналец, Миле Марковски.

Апелира граѓаните да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните инсттуции: сите граѓани кои ќе го посетат пазарот како и сите продавачи задолжително да носат заштитна опрема.

На граѓаните кои нема да носат заштитна опрема нема да им биде дозволен влез во зелениот градски пазар. ид/рп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1