Утрински Весник
Свет

Во рускиот напад на Киев загина новинарка од Радио Слободна Европа

Украинската новинарка Вира Хирих, која работела како продуцент на Радио Слободна Европа, е убиена во вчерашниот руски напад врз главниот град Киев, објавија во петокот локалните медиуми.

Вира Хирих загина откако руски проектил го погоди нејзиниот стан во четвртокот, јавува украинската новинска агенција Укринформ.

Нападот се случи за време на посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на украинските градови Бородјанка, Буча и Ирпин.

На 5 април, Министерството за култура и информации на Украина соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, загинале 18 новинари, а 13 биле повредени.

Тројца новинари исчезнаа за време на војната, а осум новинари, меѓу кои четири жени, беа киднапирани.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во четвртокот објави дека најмалку 2.787 цивили се убиени, а 3.152 се ранети откако Русија започна војна против Украина на 24 февруари, стравувајќи дека вистинската бројка е многу поголема.

Досега, 7,7 милиони луѓе во Украина се внатрешно раселени, а повеќе од 5,3 милиони побегнале во соседните земји, според Агенцијата за бегалци на ОН.

Оваа информација ја потврдија и од Радио Слободна Европа.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД