Утрински Весник
Свет

Во Русијa регистриран првиот тест во светот за откривање на британскиот вид на Ковид-19

Во просек 13 отсто од тестираните за коронавирус во земјата се позитивни

Централниот научно-истражувачки институт за епидемиологија на Федералната служба за фитосанитарен надзор на Русија (Роспотребнадзор) го разви и го регистрираше првиот систем за тестирање во светот за откривање на британскиот вид на Ковид-19, според веб-страницата на Роспотребнадзор.

„ Новиот тест систем брзо открива присуство на мутиран сој, што се постигнува благодарение на специјалниот избор на олигонуклеотиди за ефикасно засилување на британската мутација, и е предвиден за максимална концентрација на вирусот … Со тоа се избегнуваат лажни позитивни резултати при откривање на мутации за примероци со многу големо вирусно оптоварување“,  се наведува во соопштението.

Исто така, се додава дека сетот реагенси успешно ги помина клиничките испитувања и е регистриран за употреба во Русија, а исто така има висока прецизност, што е докажано со испитувања на клинички примероци со потврдена мутација.

„Новата технологија може да се искористи за развој на реагенси за откривање на други мутации на САРС-КоВ-2, како и други инфективни патогени кои бараат брзо масовно тестирање (пандемски инфекции)“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МАДУРО ЗАД РЕШЕТКИ: Насмеан позира од затворот во Њујорк

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките