Утрински Весник
Свет

Во Русија најголем број смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата

Во Русија најголем број смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата

Во Русија денеска се потврдени 752 смртни случаи од коронавирус, што е најголем број на жртви за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа се потврдени 25.082 нови случаи, од кои 5.694 во Москва.

Така, бројот на заразени лица во Русија порасна на 5.758.300 од почетокот на пандемијата.

Федералното биро за статистика објави дека од април 2020 година до мај 2021 година, во Русија се потврдени 290.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Можете да прочитате

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд