Утрински Весник
Македонија

Во Ресен приведен дилер од прилепско, запленет 1 килограм марихуана

Во Ресен приведен дилер од прилепско, запленет 1 килограм марихуана

Синоќа во 14.25 часот во Ресен, на ул.„Корчуланска“, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен бил лишен од слобода М.З.(36) од с.Селце, прилепско.

Кај него била пронајдена ќеса со марихуана, која при обид да избега, ја фрлил.

Од извршениот увид било констатирано дека во ќесата има околу 1 килограм марихуана, која била одземена.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Обилни врнежи, планински снег и силен ветер