Утрински Весник
Македонија

Во Ранковце пуштена во употреба современо опремена сала за промоција на туризмот

Во Ранковце пуштена во употреба современо опремена сала за промоција на туризмот

Ранковце, 27 февруари 2020 (МИА) – Во општина Ранковце денеска официјално беше пуштена во употреба адаптирана и современо опремена сала за промоција на туристичките особености, потенцијали и атракции во 3Д, инвестиција вредна 4.2 милиони денари.

Средствата се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој во рамки на Програмата на Министерството за локална самоуправа на РС Македонија за 2019 година, преку имплементација на проектот „Подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста на граѓаните во СИПР”.

На свеченоста присуствуваа премиерот на техничката влада на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, градоначалници на општина Трговиште, Република Србија, градоначалници на општините од североисточниот регион, претседатели на општинските совети и граѓани.

– Ми претставува особена чест што сум денес поканет на оваа свеченост и убеден сум дека оваа модерна општинска сала ќе биде инспирација и за други активности на креативните луѓе од општината и нивните колеги од регионот за нови проекти од интерес за граѓаните на Ранковце и другите места.Туризмот како економска категорија во државата сеуште ги нема активирано сите потенцијали на Североисточниот плански регион и сметам дека оваа сала е значаен чекор за стратешкото планирање за натамошен развој на регионот, особено преку регионалното туристичко биро кое СИПР го отвори во Кратово, така што овој проект нуди можности за надминување на негативните резултати, преку квалитетна понуда и добро организирани туристички рути, изјави Спасовски.

Истакна дека во 2019 година туризмот во РС Македонија бележи раст од осум проценти, а овој проект значи придонес кон зголемување на тој процент во иднина.

– Заложбите на Владата во изминатите две и пол години се насочени кон подеднаков развој на сите региони во државата, со зголемување на средствата кои им стојат на располагање на општините, од 2017 година досега, средствата достигнаа и до 8 милиони денари кои во 2020 им се на дофат на општините. Општина Ранковце од 2009 досега искористи 170.000 евра, од кои само во 2018 и 2019 над 170.000 евра. Честитки за овој проект кој ќе придонесе за подобрување на туристичката понуда на општината но и ќе значи многу за руралниот развој во државата, истакна заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески. ид/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер