Утрински Весник
Македонија

Во рамки на Синедејс во Кисела Вода бесплатно ќе се емитуваат три детски филмови

Во рамки на Синедејс во Кисела Вода бесплатно ќе се емитуваат три детски филмови

Утре во рамки на 19-от Меѓународен фестивал на европски филм – Синедејс, во дворот на Домот на културата во Кисела Вода, во Расадник, на големо платно за децата, бесплатно ќе се емитуваат три детски филмови, од кои два цртани и еден игран филм. Со почеток од 11:00 часот е цртаниот филм Момчето фантом, а од 13:00 часот е Неверојатна приказна на џиновската крушка. Најпознатиот игран филм Пинокио ќе започне во 19:00 часот.

Меѓународниот фестивал се одржува со поддршка од Министерството за култура, Агенцијата за филм и Градот Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!