Утрински Весник
Македонија

Во Радовиш се гради потпорен ѕид со кој се спречува одронување на дел од рид

Во Радовиш се гради потпорен ѕид со кој се спречува одронување на дел од рид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 18 мај 2020 (МИА) – Општина Радовиш гради потпорeн ѕид на улицата „Свети Спасо Радовишки“ во должина од 40 метри со кој се спречува одронување од дел од ридот и се зафаќаат и регулираат водите од него, информира градоначалникот, Герасим Конзулов.

-За реализирање на овој голем градежен зафат ќе потрошиме околу 1,5 милиони денари и решаваме голем проблем на граѓаните и воопшто на градот. Овој рид подолго време ни задаваше проблеми при поголеми врнежи и претставуваше опасност за движење на граѓаните и нормално одвивање на сообраќајот, додаде градоначалникот Конзулов.

Изградбата на потпорниот ѕид треба да заврши за еден месец. рт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП: Електронските услуги ќе бидат во прекин

АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците

Државата ќе набави пет нови локомотиви за 21 милион евра