Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп се решаваат децениски комунални проблеми

Во Прилеп се решаваат децениски комунални проблеми
Dik 300x250 mk

Прилеп, 11 март 2020 (МИА) – Шест домаќинства во најстарата прилепска населба Варош по шест децении добија канализација и се задоволни што се реши овој децениски важен инфраструктурен проблем. Емил Јанески, директор на прилепски „Водовод и канализација“ нагласи дека речиси сите прилепски домаќинства го решаваат проблемот.

-Ги решаваме комуналните проблеми на граѓаните во сите месни заедници и во прилепските населби. Деновиве изработивме нова канализациона линија од преку 150 метри  и во колекторскиот систем на ЈП „Водовод и канализација“ прифативме шест домаќинства, кои повеќе од 60 години не беа вклучени во канализациската мрежа. Станува збор за домаќинства на улицата „Орде Чопела“ во населбата Варош, рече Јанески.

Од понеделник продолжуваат комуналните активности на прилепските улици „Републиканска“, „Октомвриска“, „Савска“ и во населбата Варош кај социјалните бараки, за да се изведе водоводната линија.

Јанески нагласи дека уште неколку домаќинства треба да се поврзат на канализациската мрежа.

Според, Вера Присаѓанец, решен е децениски проблем.

-Уште од 1957 година се бориме за спроведување наканализациоа мрежа. Имавме септички јами, што е незамисливо. Ова значи решавање на огромно прашање и проблем што го имавме со децении, вели Присаѓанец.ем/бт/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи