Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп седум нови случаи на коронавирус и по еден во Долнени и Кривогаштани

Во Прилеп седум нови случаи на коронавирус и по еден во Долнени и Кривогаштани

Прилеп, 22 април 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска се регистрирани седум нови случаи на лица заболени од Ковид-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, соопштуваат од прилепската локална самоуправа.

Двајцата заболени од општините Долнени и Кривогаштани, се жители на населените места Заполжани и Боротино.

На Инфективното одделение во прилепската болница „Борка Талески“ моментално се хоспитализирани 19 лица позитивни на коронавирусот. Двајца од нив се на кислородна поддршка, а другите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;

Во самоизолација се наоѓаат 334 лица.

Со седумте новозаболени лица, во Прилеп вкупно се регистрирани 124 лица, а досега починаа три лица. Локалните власти вчера информираа дека излекувани се седум лица.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие, три лица не го почитувале полицискиот час и ќе им биде поднесена соодветна пријава. ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Месецов поднесени околу 6.000 барања за дигитални услуги

Филипче за денот на албанската азбука: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите