Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп петмина новозаболени од Ковид-19

Во Прилеп осум новозаболени, почнува акција за дезинфекција

Прилеп, 12 мај 2020 (МИА) – Според најновите информации, во Прилеп денеска се регистрирани пет нови случаи на заразени лица од Ковид-19 што претставува пораст на новозаболените, за разлика од претходните денови кога имаше од еден до двајца случаи. Излекувани се седум пациенти, со што вкупната бројка на излекувани е 127. Досега има починато 11 лица.

Пораст на бројките има и на пациентите кои се на Инфективното одделение во прилепската болница. Таму се хоспитализирани 18 лица, што е за тројца пациенти повеќе од вчерашниот ден. Од нив 13 се позитивни на коронавирусот, а поради потешка клиничка слика, еден од нив денеска ќе биде испратен на скопските клиники.

Во делот за изолација се наоѓаат петмина пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 182 лица, што пак значи дека бројот е намален од вчерашниот ден кога беа евидентирани 234 лица.

Во изминатото деноноќие се забележани пет нарушувања на полицискиот час.ем/бт/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицаец побарал и примил поткуп за да не собере возило со „Пајак“

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

Притвор за маж од Естонија осомничен за силување на 14-годишно дете