Утрински Весник
Свет

Во последните 24 часа, во Грција регистриран голем број заразени лица

Во последните 24 часа, во Грција регистриран голем број заразени лица

Во Грција, во последните 24 часа се регистрирани 196 нови случаи на инфекција со коронавирус, меѓу кои дваесет се тестирани на граничните премини.

Од вчера е пријавен еден смртен случај, соопшти националната организација за јавно здравје.

Во Грција досега се разболеле речиси 6.000 лица, од кои 1.503 се поврзани со патувања во странство.

Досега починаа 214 лица, од кои 71 се жени. Агенцијата АНА наведува дека 95,8 проценти од починатите имале придружни болести.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турција со реакција до Техеран по соборувањето иранска балистичка ракета

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите засегнати купувачи“ по прекинот на производството на течен природен гас

Одложен е погребот на Хамнеи во Техеран