Утрински Весник
Македонија

Во полн ек активностите за реконструкција на стариот пат до манастирот Св.Јоаким Осоговски

Во полн ек активностите за реконструкција на стариот пат до манастирот Св.Јоаким Осоговски

Крива Паланка, 12 март 2020 (МИА) – Градежните активности за реконструкција и санација на стариот пат кон манастирот Св. Јоаким Осоговски, се во полн ек за да се постигне навремено и квалитетно реализирање на предвидената динамика, информира службата за комуникација со јавност при општина Крива Паланка.
Посочуваат дека денеска градоначалникот Борјанчо Мицевски и претставници од надлежните општински служби од одделението за урбанизам и комунални дејности извршиле обиколка на терен, при што е констатирано дека динамиката на градба е во насока на навремена реализација на проектот.
-Завршена е подготвителната фаза од проектот за реконструкцијата и обновата на стариот пат кон манастирот и поради подобрените временски услови, а во најскоро време се очекува да биде поставен и комплетно нов слој асфалт со деблина од седум сантиметри. Во оваа фаза веќе се поставени нови рабници, асфалтни риголи и се врши надградба на постоечките  банкини, а воедно интензивно се работи и на изградбата на потпорениот зид во должина од 33 метри, информираат од општината.
Вкупната инвестиција за реализација на овој проект е околу шеснаесет милиони денари.ид/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот