Утрински Весник
Свет

Во пелени сакале да прошверцуваат злато вредно 19.000 евра

Српските цариници на граничниот премин „Прешево“ спречиле двајца патници да прошверцуваат златен накит вреден над 2,2 милиони динари (околу 19.000 евра) во пелени памперс, соопшти денеска тамошната Царинската управа.

dobivaj vesti na viber

Речиси половина килограм златни ѓердани и алки со дукати „Франц Џозеф“, како и синџири и прстени, се пронајдени во автомобил со швајцарски регистарски таблички, во кој млад брачен пар се движел од правец на Северна Македонија кон Швајцарија.

Патниците рекле дека немаат што да пријават, а накитот бил пронајден во неотворено пакување пелени „Памперс“, во торба под совозачкото седиште.

Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судската одлука, покрај златото, трајно е одземено возилото проценето на повеќе од еден милион динари.

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз