Утрински Весник
Македонија

Во Пелагонија почна наводнувањето со вода од акумулацијата „Стрежево“

Во Пелагонија почна наводнувањето со вода од акумулацијата „Стрежево“

Битола, 20 мај 2020 (МИА) – ЈП „Стрежево“ – Битола кое стопанисува со истоимената акумулација денеска почна да испорачува вода за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија.

Високите дневни температури ја зголемија потребата од вода и таа се дистрибуира низ развиената хидро-мрежа, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

-Главниот канал и главните цевководи се подготвени за наводнување. Акумулацијата во подрачјето на дејствување е подготвена за навремено и квалитетно наводнување на земјоделските површини и се очекува успешна наводнителна сезона. Хидросистемот во моментот е со солидни количини вода и ќе обезбеди доволно вода за реализација на планот за наводнување за оваа година, посочи Граматковски.

Од денеска до 1 јули во тек е пријавувањето за склучување договори за испорачување вода на заинтересираните земјоделци и тоа се врши во наплатниот центар во рамки на управната зграда на ЈП „Стрежево“ во Битола. мт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, велат од Онкологија

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

АД ЕСМ остана без директор за правни и општи работи