Утрински Весник
Свет

Во отпадните води во Словенија забележани големи количини на коронавирус

Во отпадните води во Словенија забележани големи количини на коронавирус

За време на редовното истражување на седум постројки за квалитетот на водата, словенечкиот Институт за биологија открил поголем скок во присуството на новиот коронавирус во отпадните води на морското крајбрежје, што може да укаже и на општо поголемо присуство на вирусот.

Лука Ренко од владиниот портал за следење на состојбата во врска со коронавирусот, вели дека ситуацијата ќе се следи во наредните денови и дека една од причините за тоа може да биде британскиот вид на вирусoт, кој е во пораст во земјите од регионот.

Тој додаде дека ова можеби е и причина и за зголемениот број на инфекции во тој дел на Словенија, но исто така предупреди дека е рано да се донесе каков било заклучок.

Како што е наведено, една од постројките каде е откриен вирусот е во Копер, со кој се поврзани и Анкаран и Изола.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инцидент во Чикаго: Моторот на Боинг 787 вшмукал товарен контејнер

Зиновјев: Соработката меѓу Русија и Северна Кореја е во согласност со меѓународното право и не е насочена против Сеул

70 пожарникари гаснат пожар во висока зграда, жителите евакуирани: драма во Лондон