Утрински Весник
Македонија

Во Основниот граѓански суд Скопје од утре продолжуваат сите закажани судења

Во Основниот граѓански суд Скопје од утре продолжуваат сите закажани судења

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19.

-Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на Судски Совет на Република Северна Македонија е објавена на веб страната на судот. Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда, соопшти Основниот граѓански суд Скопје. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадинов: Егзит останува во Струмица

Мицкоски: За прислушувањето СДС се фатени во лага и сега се заплеткуваат

Тошковски во посета на Полициското одделение Мирковци: Борбата против бесправната сеча на шумата еден од приоритетите на полицијата