Утрински Весник
Македонија

Во општина Тетово дезинсекција против комарци, апел да се заштитат пчелите

Во Прилеп се спроведува пролетната дератизација и дезинсекција

Тетово, 8 мај 2020 (МИА) – Општина Тетово информира дека вечерва треба да се изврши дезинсекција против возрасни комарци и други штетници. Поради тоа, се апелира до пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки.

– Поради дезинсекцијата, потребно е  засолнување на пчелите во нивните сандаци, обезбедување на потребната количина вода и да не ги напуштаат своите сандаци 5-6 часа по третманот на територијата, информираат од општината.

Дезинсекцијата ќе се изврши во вечерните часови по 21 часот до раните утрински часови следното утро, доколку временските услови се поволни.

-Во случај на дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе биде откажана за следниот ден или за друг ден со подобри климатски услови, соопштуваат од општината. ас/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет