Утрински Весник
Македонија

Во Општина Карпош се санираат ударни дупки

Во Општина Карпош се санираат ударни дупки
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје,  21 февруари 2020 (МИА) – Општина Карпош информира дека денеска се реконструирани повеќе ударни дупки долж улицата „Козле“ 10. Со санацијата се опфатени 300 квадратни метри.

– Службите и механизацијата кои ги ангажираше локалната самоуправа ќе продолжат со работа и санација на ударни дупки во Нерези, а веќе е саниран и дел од улиците во Злокуќани. Се работи на поголеми инфраструктурни зафати во Бардовци, каде во тек е реконструкција на крак од улицата „18“, а целосно е завршена обновата на крак од улицата „4“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

За оваа година, одвоени се десет милиони денари буџетски средства за реконструкција на локалните улици во Општина Карпош. мд/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Поштa

Со 2,44 промили возел пијан низ Кичево

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица