Утрински Весник
Македонија

Во Општина Демир Хисар при влегување во административната зграда мерење на температурата на странките и вработените

Во Општина Демир Хисар при влегување во административната зграда мерење на температурата на странките и вработените

Демир Хисар, 30 јуни 2020 (МИА)Општинскиот кризен штаб на Демир Хисар одлучи да се применува посебна заштитна мерка, мерење на телесна температура на странките и вработените кои влегуваат во административната зграда на тамошната локална самоуправа.

Од Општинскиот кризен штаб на Демир Хисар воедно апелираат доследно да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и никој да не го потценува вирусот, иако во моментов во таа општина е регистриран само еден случај на заразено лице со коронавирус.

– Општината ќе продолжи да обезбедува здравствена грижа за граѓаните, но тие се должни да ги почитуваат мерките препорачни од здравствените установи и други надлежни институции. Носењето заштитна маска и држење дистанца, редовна дезинфекција и свесност за проблемот со кој се соочуваме е обврска за сите. Ги задолживме раководителите на сите институции да обезбедат доследно почитување на мерките и контрола, а во админстративната зграда на општината при влез ќе се мери телесна температура на странките и вработените, изјави Марјанче Стојановски, градоначалник на Општина Демир Хисар.

ОКШ-Демир Хисар порача до политичките партии кои учествуваат на парламентарните избори при организацијата на секаков собир доследно да ги почитуваат и спроведуваат мерките и препораките за заштита од Ковид-19 во текот на нивните преизборни активности. мт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа