Утрински Весник
Македонија

Во Општата болница во Охрид формиран помошен центар за пациенти со корона

Ohrid 1068x601

Јавната здравствена установа, Општа болница во Охрид, е подоготвена за примање на пациенти заболени со корона вирусот. Новиот директор на оваа здравствена установа Д-р Горан Балевски, денес информира дека се испразнети одделенијата за геријатрија и за кожни заболувања, кои сега ќе функционираат како тријажен (помошен) центар.

„Со заеднички насоки формиран е тријажен центар за прием на болни, кои потоа според однапред утврдени патеки на движење, се упатуваат кон соодветни одделенија зависно од потребата“, изјави Балевски.

Тој додаде дека состојбата со заразата со корона вирусот будно се следи, уверувајќи оти здравствената установа има доволно капацитети, кадар и знаење за справување со предизвиците што ги носи епидемијата. Согласно препораките на Министерството за здравство, пациентите со симптоми на корона вирус, со полесна клиничка слика, како и оние за кои се чекаат резултати од земени брисеви, се згрижуваат на Инфективното одделение, а потешките случаи се препраќаат во битолската болница која сега е регионален центар за згрижување пациенти со корона вирус.

На Инфективното одделение во охридската Општа болница работат тројца лекари, двајца специјализанти. Од избивањето на епидемијата досега се примени пет пациенти од Охридско- струшкиот регион кои биле позитивни на Ковид-19.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер