Утрински Весник
Свет

Во Олимпиското село, една личност е позитивна на коронавирус

Во Олимпиското село, една личност е позитивна на коронавирус

Едно лице е позитивно на Ковид-19 во олимпиското село во Токио, соопштија денес организаторите на Олимписките игри и изразија загриженост за епидемиолошката состојба една недела пред почетокот на 32-те Летни олимписки игри.

Извршниот директор на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто, потврди дека едно олимписко службено лице од странство било позитивно на тестот за коронавирус, но тие не сакале да ја откријат националноста на тоа лице, пренесуваат агенциите.

Олимписките игри во Токио беа одложени за една година поради пандемијата од коронавирус и ќе се одржат речиси без гледачи во спортските арени и под строги правила за карантин.

Спортистите пристигнуваат во Јапонија на Олимписките игри, кои ќе се одржат од 23 јули до 8 август, но јапонската јавност не гледа на Олимпијадата со одобрување заради новиот број на новозаразени со коронавирус и загриженоста дека приливот на странски посетители може да придонесе за игрите во Токио да се претвораат во ризик што може дополнително да го оптерети медицинскиот систем на Јапонија.

Можете да прочитате

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета

На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос

Маурициус тврди дека неговиот суверенитет над архипелагот Чагос е признат со меѓународното право