Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести против ковид мерките на Макрон, илјадници луѓе на улиците во Франција

(Видео) Протести против ковид мерките на Макрон, илјадници луѓе на улиците во Франција

Илјадници луѓе маршираа низ цела Франција денеска во знак на протест против плановите на претседателот Емануел Макрон да воведе задолжителна вакцинација на здравствените работници и за сертификати за вакцинација при влегување во кафулиња, ресторани и кина.

Макрон најави нови мерки оваа недела со цел земјата да се справи со драстичното зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, додека демонстрантите велат дека мора да се почитува слободата на избор на оние кои не сакаат вакцинација, пренесуваат агенциите.

Новите мерки веќе предизвикаа демонстрации на почетокот на оваа недела, поради што полицијата употреби солзавец за да ги растера насобраните.

Протестите се одржаа во Париз, Марсеј, Лион, Лил и некои други помали центри, а вклучија и демонстранти со „жолти елеци“, кои, според медиумите, се обиделе да ги оживеат антивладините протести што се случија за време на заклучувањето.

И покрај протестите, стратешка истражувачка агенција во петокот објави дека повеќе од 60 проценти од Французите се согласуваат со задолжителната вакцинација на здравствените работници, како и со задолжителните сертификати за вакцинација на некои јавни места.

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија