Утрински Весник
Македонија

Во моментот во Скопје активни се 7.081 случај на коронавирус

Во моментот во Скопје активни се 7.081 случај на коронавирус
Dik 300x250 mk

Во Скопје во моментот активни се 7.081 случаи на коронавирус, откако вчера беа регистрирани вкупно 1.348 нови случаи, од кои над 700 само во главниот град.

Зад Скопје, најмногу активно заразени во моментот има во Битола (560), Куманово (496) и Кавадарци (425).

По повеќе од 300 лица се заразени во Прилеп и Тетово, а над 200 во моментот има во Гостивар, Велес, Охрид и Струмица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727.

Можете да прочитате

ДИК одзела осум акредитации на домашни набљудувачи

Излезеноста до 15 часот е 27,19%

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!