Утрински Весник
Свет

Во Минхен експлодира бомба од Втората светска војна, повредени се три лица

Во Минхен експлодира бомба од Втората светска војна, повредени се три лица

Околу 13 часот денеска одекна силна експлозија во центарот на Минхен.

Експлозијата се случила недалеку од мостот „Донерсбергер брике“ во близина на главната железничка станица.

Според најновите информации што ги пренесуваат агенциите, експлодирала воздушна бомба од Втората светска војна.

Повредени се три лица.

Мостот „Донерсбергер брике“ се наоѓа недалеку од главната железничка станица во центарот на Минхен, поради што дошло до потешкотии во градскиот сообраќај.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот