Утрински Весник
Свет

Во Мексико легализиранa употребата на марихуана за возрасни

Во Мексико легализиранa употребата на марихуана за возрасни

Врховниот суд на Мексико ја легализираше употребата на марихуана за возрасни.

Осум од 11-те членови на тој суд прогласија за неуставни голем број членови на мексиканскиот здравствен закон со кои се забранува консумирање марихуана.

„Денес е историски ден за разните слободи“, рече претседателот на Врховниот суд Артуро Залдивар.

Одлуката на Врховниот суд следеше затоа што мексиканскиот парламент во двата дома не го усвои предлогот за промена на законот за тоа прашање пред крајниот рок на 30 април, што го утврди судот.

Можете да прочитате

Трамп во Анкара скришно во кетеринг-возило бил префрлен во друг авион поради иранска закана за атентат

Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

Нов украински напад со дроновои врз Москва