Утрински Весник
Економија

Во мај вебинар на Стопанската комора за влијанието на Ковид врз осигурителниот сектор

Пакет мерки за осигурителниот сектор за олеснување на работата во вонредни услови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Стопанската комора на Македонија во мај ќе организира вебинар на тема: „Влијанието на Ковид-19 врз осигурителната индустрија, тековни трендови и изгледи за иднината“.

Се очекува учество на претставници од осигурителните компании од земјава, брокерските друштва, банките, Агенцијата за супервизија на осигирувањето, Министерството за финансии и од Нациолното биро за осигурување, како и на претставници од агенциите и телата за супервизија на осигурувањето од други држави.

Стопанската комора најавува говорници од светот на осигурувањето од Европа и САД, Словенија и Хрватска.

– Друштвата за осигурување во земјава се генерално добро капитализирани и користат софистицирани напредни методи за управување со ризици, кои треба да им помогнат да ги издржат ударите поврзани со Ковид-19. Имајќи го предвид значењето на осигурувањето во обезбедување заштита на поединци, домаќинства и деловни субјекти, регулаторните тела преземаат активности за одржување на финансиското здравје на друштвата за осигурување, давајќи придонес во одржувањето на стабилноста на целиот финансиски систем. Но, пандемијата остава сериозни последици врз глобалната економија и финансиските системи, а во тој контекст и врз друштвата за осигурување. Оттука, важно е да се има јасен увид во моменталните последици и идните предизвици од влијанието на Ковид-19 врз осигурителниот сектор, велат од Комората.

Вебинарот е инициран и на него воведничар  ќе биде КлимеПопоски, поранешниот претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, а сегашен член на Собранието на Стопанската комора. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра