Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 37 починати од коронавирус, потврден 301 нов случај

Во ковид-центрите се лекуваат 702 пациенти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 301 нов случај на коронавирус, починаа 37 пациенти, а оздравени се 1.091 заболен, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нов случај на Ковид-19 во:
Скопје – 174,Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе ,Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија –по 1.

Регистрирани се 1.091 оздравени пациенти од: Скопје – 429, Охрид – 107, Прилеп -74, Велес -42, Куманово 40, Штип и Струга – по 37, Битола – 36, Кавадарци – 34, Гостивар – 29, Гевгелија -26 , Крива Паланка -24, Тетово -23, Струмица – 17 , Неготино – 13, Кочани и Делчево – по 12, Берово, Пробиштип и Богданци – по 11 ,Валандаво – 10, Радовиш – 8, Дебар и Крушево – по 7, Кичево – 6, Свети Николе и Демир Капија – по 5, Ресен – 4, Виница, Кратово и Пехчево – по 3, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и Македонска Каменица 1.

Пријавени се вкупно 37 починати лица: девет од Скопје ( 74г , 81г , 47г , 60г ,69г , 76г , 79г , 77г , 61г , ) , 6 од Прилеп ( 42г, 58г, 72г, 74г, 75г и 56г) , по 3 од Тетово ( 65 г, 59 г и 57 г,) и Гевгелија (73 г, 65 г, и 56 г) , – по 2 од Куманово (90г и 67г) , Кавадарци (85г и 57г) , Струмица (73г и 62г) и Виница (79г и 62г) и – по 1 починат од Битола (59г) , Охрид (82г) , Кичево (37г) , Неготино (64 г) ,Свети Николе (79г),Крива Паланка (73 г) и Дебар ( 43г). 36 пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.

Можете да прочитате

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април