Утрински Весник
Македонија

Во Македонија ќе пристигнат 20 илјади вакцини од „Фајзер“ и над 70 илјади дози од „АстраЗенека“

Fajzer vakcina scaled 1

Досега во СЦ Борис Трајковски се вакцинирани речиси 30 илјади граѓани и зголемен интересот за вакцинација во земјава.

Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека од утре започнува вакцинација и на помладите лица од 75-годишна возраст.

„Од Фајзер на 19-ти и 26-ти април пристигнуваат по 10 илјади дози вакцини. Очекуваме информација од кинескиот амбасадор, од руската амбасада. Се очекува 76 илјади дози на АстраЗенека да стигнат до крајот на месецот. На сајтот вакцинација.мк речиси 140 илјади граѓани се пријавени. Верувам сликата ќе се менува како ќе доаѓаат вакцините“, рече Филипче.

Можете да прочитате

Претреси кај судија од Апелациониот суд по наредба на Обвинителството

69-годишен маж почина од компликации од грип во Скопје

Студен бран ја зафаќа Македонија