Утрински Весник
Македонија

Во Македонија стигнаа 100.000 вакцини од „Астразенека“, донација од Грција

Во Македонија стигнаа 100.000 вакцини од „Астразенека“, донација од Грција

Грција ѝ донира 100.000 вакцини од „Астразенека“ на Македонија. Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години.

„Денес пристигна донација од 100.000 вакцини на производителот ‘Астразенека’ од нашиот сосед Република Грција. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.

Тој информира дека вакцините ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно стратегијата за вакцинација.

„Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат“, потсеува Филипче.

Можете да прочитате

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

„Завод и музеј-Прилеп“: Преземените мерки на Македониумот имаат исклучиво превентивна заштитна функција

Жена на 61 година го роди своето прво дете