Утрински Весник
Македонија

Во Македонија во болница се лекуваат 1.348 заболени од Ковид-19

Во Македонија 1.275 нови случаи на Ковид-19, 13 лица починале

Во изминатите 24 часа во болниците низ земјава пријавено е дека се лекуваат вкупно 1.348 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а има околу 180 слободни кревети, соопшти Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114.

Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Од МЗ напоменуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во текот на денот, велат од Министерството, се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопштија од МЗ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прв пат по 12 години, државната помош за странските компании доцни поради изборите

Нова мапа покажува дека Македонија е меѓу најризичните за земјотреси во Европа

(Документ) За настапот на Аца Лукас се беше пријавено, велат од кафулето